80 години од формирањето на Верското поверенство при ГШ на НОБ (1943-2023)

26.10.2023 -Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) се одржа свечена акедемија по повод 80 години
од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на
Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија (1943-2023).На Свечената академија, со свои говори обраќање имаа Александар Литовски од Институтот за национална историја, деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Дејан Борисов, Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и домаќинот на настанот, директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски.