Првата сабота од Великиот пост, посветена на споменот на Светиот Великомаченик Теодор Тирон

На 23.03.2024 год., во Првата сабота од Великиот пост, посветена на споменот на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протоереј Горѓи Сламков,ереј Мартин Андоновски и ѓакон Илија Деспотовски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Димитриј“, с.Теарце.На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, по што се  благослови празничното коливо (пченица) во чест на светиот маченик Теодор.