„Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид
На 06.05.2025 година, денот кога го празнуваме светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид,беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и свештеници од Дебарско-кичевската епархија.На крајот од Божествената Литургија, кон големиот број на верен народ со празнична свечена беседа се обрати Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.По литиргијата митрополитот г.Јосиф ги прекрши и благослови празничните лебови.