Свети Кирил Лешочки

25.03.2024 Свети Кирил Лешочки, во Лешочкиот манастир беше отслужена Литургија на Претходно осветени дарови, на која чиноначалствуваше надлежниот архиереј митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, а во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г.Стефан. Верниот народ се причести со светите Тајни. На литургијата пееше хорот од средното богословско училиште св.Арсениј Сремски - Сремски Карловац, кој по повод манастирската слава допатува во манастирот предводен од својот ректор протоереј-ставрофор Јован Милановиќ. Своја беседа изрече митрополитот г.Јосиф. Беседата може да ја прочитате тука...